
Беретини го потсети Ѓоковиќ на најлошите периоди во кариерата!
Српскиот тенисер призна дека бил надигран, немал никаква повреда и се чувствувал добро.
Овој загубен меч го потсети Ѓоковиќ на најлошите времиња кога губел уште не почетокот на турнирот.
Последен пат тоа му се случи во Монте Карло во 2022 година. Тогаш загуби од Алехандро Давидович Фокина, но за разлика од сега, Ѓоковиќ тој турнир го почна од второто коло затоа што беше прв носител.
Ѓоковиќ неколкупати во кариерата има губено мечеви на стартот, но најчесто тоа било кога турнирите ги почнувал од второто коло. Тоа се случило во 2018 во Мајами, Индијан Велс и Барселона.
Последен пораз на Ѓоковиќ во прво коло на некој турнир пред овој од Беретини бил на Олимписките игри во 2016 во Рио Де Женеиро од Хуан Мартин дел Порто. Тогаш играше два тајбрејка по што Србинот во солзи го напушти мечот.
Ако се тргнат настрана Олимписките игри. Неверојатно изгледа статистиката дека пред вчерашниот пораз, прв пораз на Ѓоковиќ во првото коло на АТП турнир му е во далечната 2009 година кога во Бризбејн загуби од Ернест Гулбис со 6-4 и 6-4.