
Јамал им даде поддршка на судиите во период кога Реал грми по нив!
Врвот го презема Барселона, па Ламин Јамал застана во одбрана на судиите.
„Во соблекувалната не дискутиравме за писмото на Реал Мадрид за судиите. Ние сме фокусирани на победување и не обрнуваме внимание на тоа што се случува надвор“, вели Јамал.
„Ние тимовите како Реал Мадрид, Барса, Атлетико не може да се жалиме за судењето. Тие го прават најдоброто што можат. Судиите се обидуваат најдобро што можат. Тоа е многу тешка работа бидејќи некој секогаш ќе се жали. Ние сме многу среќни“.
„Работата на судијата е многу тешка, и секогаш на крајот кога ќе свирне за едната екипа, другата ќе се жали“.
„И ако никој не се жали, некој од друг тим кој не ни го игра мечот ќе се жали. Многу им е тешка работата“.