Капитенот на Аталанта полуде и се посрамоти за сите пари! (ВИДЕО)

Во финишот од мечот против Клуб Бриж, капитенот на Аталанта Рафаел Толои доби црвен картон откако збесна во еден момент и се обиде физички да се пресмета со противниците.

Нервозата во таборот на Аталанта беше огромна, а се зголемуваше како што мечот се ближеше до крајот.

Во еден момент Толои збесна, најпрво се обиде со топка да удри фудбалер на Клуб Бриж, но таа му се лизна, а тој падна на тревата. Потоа стана, отрча кај противникот и го собори на земја.

Оваа ситуација наиде на потсемв на социјалните мрежи.