Кејн ги израдува загрижените навивачи на Баерн: Добар сум!

Хари Кејн поради повреда вчера го одигра само првото полувреме од дуелот со Селтик на кој Баерн Минхен дури во 94. минута го обезбеди осминафиналето.

Кејн без кој тешко може да се замисли нападот на Баерн Минхен, остана во соблекувалната по првото полувреме откако се пожалил на повреда.

За среќа не станува збор за ништо сериозно и тој наскоро пак ќе биде на теренот.

„Во ред сум“, кратко изјави Кејн додека го напушташе стадионот.