![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/15/248584-atanasov-mzt-igrashe-perfektno-cel-turnir-i-toa-so-samo-dvajca-stranci.jpg?itok=6Fhi9rh7)
Атанасов: МЗТ играше перфектно цел турнир – и тоа со само двајца странци!
По мечот тој беше презадоволен од прикажаното, а како и да не би бил со оглед што неговите момци трите ривали на завршницата во Гевгелија ги победија со просечна позитива од 25 поени.
„Кога ќе ги видите трите натпревари, може да забележите дека тоа е тотална доминација на МЗТ Скопје. На максимално ниво одигравме - перфектна одбрана, перфектен напаси заслужен триумф, затоа немам што многу да кажам за турнирот, момците кажаа се. Клучна за нашата победа беше тимската одбрана и ако морам некого да истакнам од овој меч, би го посочил Марко Миловановиќ кој во тешките моменти, одигра неколку добри напади и ни помогна резултатски да се одлепиме. МЗТ Скопје единствен дојде на овој Куп со двајца странци, останатите имаа по четворица, а некои петмина. Тоа е уште еден сегмент кој е значаен во овој момент, како доказ за политиката на клубот“, изјави предводникот на „металците“.
За Атанасов ова е втор трофеј во Купот како прв тренер на МЗТ, а петти по ред сметајќи ги и првенството и Суперкупот.