
Маестралниот Маслинко е МВП на Купот: Одигравме феноменално – сега на ред е титулата!
Тој блескаше и во полуфиналето, кога во триумфот над Пелистер постигна 29 поени без ниту едно промашување (10/10), поради што заслужено го доби признанието за најкорисен играч (МВП) на турнирот. Маслинко по триумфот над Кожув дека тимот одиграл одлично и покрај напорниот распоред.
„Овие три дена одигравме феноменално. Три натпревари за три дена не оставаат многу простор ниту за подготовка, ниту за одмор. Тимскиот учинок беше клучен, затоа и дојдовме тука. Следната наша цел е шампионската титула“, изјави Маслинко.