Роналдо доби казна од Португалија - ќе ја „одработи“ за 40-тина секунди!

Фудбалската федерација на Португалија донесе одлука за инцидентот кој го предизвика Кристијано Роналдо, кој замина од репрезентативниот камп во Данска.

Португалската федерација реши да го казни Роналдо со 30 дена суспензија и парична казна од 255 евра. Интересно е тоа што оваа сума Португалецот ја заработува за четириесетина секунди.

Роналдо има годишна плата од околу 200 милиони евра во Ал Наср, па нема да му биде проблем да ја плати сумата која за него делува смешно.

Фото: Facebook/Seleções de Portugal