Вториот тим на Пелистер без мака го совлада Тиквеш

Пелистер 2 славеше против Тиквеш со 34-27 и ја запиша третата победа во ракометната Суперлига.

Ракометарите на битолскиот состав беа одлични во првото полувреме и ја искористија лошата игра на противникот во напад за да стигнат до 17-10 на полувреме.

Тиквеш се обидуваше да ја врати неизвесноста во второто полувреме, но Пелистер 2 не дозволи изненадување и славеше со 34-27.

Најефикасен во победничкиот тим беше Давид Димевски со девет голови, додека Ончев запиша осум погодоци за Тиквеш.

Фото: Facebook/RK Eurofarm Pelister