ПСЖ и Барселона под безбедносен ризик: Полицијата бара одложување на дербито!

Големото дерби меѓу ПСЖ и Барселона во Лигата на шампионите (ЛШ) е во центар на внимание поради безбедносната ситуација во Франција, каде што се одржуваат масовни протести низ улиците.

Претставници на францускиот полициски синдикат побара одложување на натпреварот поради страв од нови насилни инциденти во Париз, откако во изминатите денови демонстрантите се судрија со полицијата.

Сепак, француските власти ја отфрлија можноста за одложување. Министерот за внатрешни работи, Лоран Нунез, потврди дека натпреварот ќе се одигра според планираното.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Барселона е закажан за утре од 21 часот во Париз.

Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain