Документ на португалскиот фудбалски сојуз ја разоткри лагата на Роналдо!
Роналдо претходно кажа дека заслужува казна без олеснителни околности по напуштањето на репрезентативниот собир. Сепак, според документот објавен од португалскиот сојуз, 10 дена подоцна тој побарал при одредувањето на санкцијата да му бидат земени предвид три олеснителни околности.
Првата се однесувала на неговиот придонес во фудбалот во текот на долгогодишната кариера, втората на спортските заслуги, признанијата и освоените награди, а третата на клучен придонес во утврдувањето на вистината во постапката. Како аргументи ги навел својата кариера, освоените трофеи и индивидуалните признанија, но и јавното соопштение што го објавил на 6 октомври.
Хаосот во репрезентацијата почна по несогласувањата со селекторот Жорже Жезус. Роналдо беше незадоволен откако не доби шанса за настап против Норвешка, иако се загревал во текот на натпреварот.