Ново разочарување: Борусија изгуби од последниот тим во Бундеслигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд им приредија ново разочарување на своите навивачи откако денеска беа поразени од Бохум (0-2), тим кој пред ова коло беше последен на табелата.

Натпреварот беше решен во само две минути во првото полувреме. Херој за домаќините беше Масурас кој прво го отвори резултат во 33. минута, а само две минути подоцна зголеми на 2-0, резултат кој на крајот се покажа и како конечен.

Имаа иницијатива „милионерите“, но не е и премногу прилики за гол, па така не успеаа да се вратат во натпреварот. По 22 кола Борусија е на 11. Местоа на табелата со 29 бода што секако е разочарувачки за навивачите. Бохум од друга страна до ова коло беше последен, а сега го прескокна Холштајн Кил кој со натпревар помалку има 13 бода, Бохум е на бод повеќе.

На останатите три среди победи забележаа Борусија Менхгладбах на гости кај Унион со 1-2 и Волфсбург со истиот резултат кај Штутгарт, додека Фрајбург со 0-1 го совлада Сент Паули.

Од 18:30 часот денеска во Бундеслигата се игра и дербито на колото помеѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен.