Ќе има бура во Хрватска: ВАР не работеше, Хајдук даде гол од офсајд! (ВИДЕО)

На денешниот натпревар од хрватското првенство помеѓу Истра и Хајдук видовме ситуација која сигурно ќе предизвика бурни реакции во Хрватска.

Гостите во 29. Минута стигнаа до израмнување преку Бамба кој во моментот на додавањето од Ливаја беше во очигледна офсајд ситуација, но линискиот судија не го крена знаменцето. Бидејќи ВАР во тој момент не беше во функција, главниот судија на средбата го призна погодокот и Хајдук дојде до израмнување.

Контроверзниот момент можете да го погледнете - ТУКА.

Хајдук по 21 коло е во битка за титулата со Ријека и Динамо Загреб, а клубот од Сплит има 40 бода, еден повеќе од Ријека и пет од Динамо.