Прилеп се држеше едно полувреме, Вардар лесно до нов триумф

Ракометарите на Вардар без проблеми ја оправда фаворитската улога и славеа сигурна победа над Прилеп од 36-25 во рамките од 18. коло во Суперлигата.

Прилеп рамноправен противник на фаворитот беше само во првиот дел од првото полувреме, а потоа вардарци почнаа да се „одлепуваат“. На пауза „црвено-црните“ имаа водство од четири гола разлика.

Каде што застана Вардар во првиот дел, продолжи во вториот и предноста од минута во минута се зголемуваше за на крајот да слават со 11 голови разлика.

Mилан Лазаревски кај Вардар беше најефикасен со осум гола, а го следеше Маргели со шест. На спротивната страна Шабановиќ постигна девет, Квастек седум гола.