![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/15/248545-gevgelija-e-srekjna-za-vardar-chetvrti-kup-trofej-za-crveno-crnite.jpg?itok=CQ0SGZdW)
Гевгелија е среќна за Вардар: Четврти куп трофеј за „црвено-црните“
Во финалниот меч, „црвено-црните“ од Кале го совладаа бранителот на пехарот Баскет Кам со 69-55 и на фантастичен начин го комплетираа прекрасниот викенд во Гевгелија. Во овој град, пред шест години, Вардар го освои и третиот пехар во ова натпреварување.
Клучен за победата на Вардар беше вториот квартал кој го доби со 23-9 и на пауза замина со висока предност од 36-23. Во првото полувреме одлично функционираше шутот на „вардарки“ кои погодија осум тројки, односно 24, од вкупно 36 поени. Расположена беше Елена Тасевска на која во вториот дел ѝ се придружи Селцова и овој тандем беше најзаслужен за победата.
На другата страна, Баскет Кам беше очаен во шутот од дистанца од каде не погоди ниедна тројка од 18 обиди. Бадијала беше одличната Кметовска која постигна 24 поени и 15 скока бидејќи Вардар имаше две одлични кошаркарки - Селцова која постигна 25 и Тасевска 22 поена.