Гатузо веќе воопшто не смета на Трајковски!

Maкедонскиот напаѓач Александар Трајковски како што стојат работите ќе треба да си бара нов клуб бидејќи Џенаро Гатузо воопшто не смета на него.

Хајдук денеска игра против Истра, а Трајковски не се најде на списокот помеѓу фудбалерите кои конкурираат за настап на овој дуел.

Во оваа полусезона Трајковски одигра само неколку минути против Славен Белупо, против Локомотива не беше ов составот, додека средбата со Вараждин ја преседе на клупата.

Ќе потсетиме, Трајковски во Хајдук пристигна пред година ипол и се очекуваше да биде големо засилување, но засега не ги оправда очекувањата.

Вкупно македонскиот напаѓач постигна осум голови и додаде три асистенции.