
Наполи пропушти голема шанса да слави во Рим – најсреќни се во Милано (ВИДЕО)
Наполитанците трет натпревар по ред не успеваат да слават, откако Лацио им израмни во самиот финиш. Резервистот Диа во 87. минута ги спаси „небесно-сините“ по асистенција на Закањи, со што гостите ја продолжија низата нерешени средби по ремијата со Удинезе и Рома.
Натпреварот почна со водство на римјаните со голот на Исаксен во првото полувреме, по што Наполи направи пресврт со погодокот на Распадори во 13. минута и автоголот на Марушиќ во 64. минута. Во 67. минута ВАР му поништи гол на Лацио поради офсајд на Закањи.
Составот од Неапол со ова реми дојде до 56 бода, два повеќе од Интер кој има меч помалку додека Лацио со 46 бода останува четвртопласиран на табелата.