
Maрмуш блесна со хет-трик, Манчестер сити го прегази Њукасл (ВИДЕО)
Новиот напаѓач на „граѓаните“ одигра одличен натпревар и го постигна својот прв хет-трик на „Етихад“. Резултатот го отвори во 19. минута, а потоа постигна уште два гола во 24. и 33. минута.
Њукасл не беше на потребното ниво и ретко се закануваше, па до крајот избраниците на Пеп Гвардиола лесно ја задржаа предноста. Конечниот резултат беше поставен во 84. минута кога стрелаше Мекти.
На табелата Манчестер сити е четврти со 44 бода и три бода помалку од Нотингем Форест кој денес беше поразен од Фулам со 2-1.
На останатите средби Брентфорд на гости го совлада Вест Хем со 0-1, Бормут славеше над Саутемптон со 1-3, додека Астон Вила и Ипсвич одиграа реми 1-1.