Пеп доби страшен голгетер: Хет-трик на Мармуш за половина час! (ВИДЕО)

Пеп Гвардиола изгледа доби уште еден врвен голгетер кој ќе тресе мрежи покрај Ерлинг Халанд на „Етихад“.

Новото засилување Омар Мармуш во првиот половина час против Њукасл постигна хет-трик во дресот на „граѓаните“ . Резултатот го отвори по само 19 минути игра, а потоа стрелаше во 24. и 33. минута за убедливо водство на избраниците на Пеп Гвардиола.