Тотнем се надева на подобри денови: Томас Франк го презема кормилото

Лондонскиот тим Тотнем го отпушти Анге Постекоглу по освоената титула во Лига Европа, по што го промовира Томас Франк како нов стратег на екипата.

Тотнем соопшти дека верува во квалитетот на Франк, кој имаше одлични резултати на кормилото на Брентфорд во Премиер лигата.

Франк го предводеше Брентфорд минатата сезона до 10. позиција во првенството, додека Тотнем имаше разочарувачки резултати и заврши на 17. место со 38 поени.