„Топчиите“ во паника: Две ѕвезди заминуваат поради ужасниот Емери

Тренерот на Арсенал, Унај Емери ја загуби контролата во соблекувалната на Арсенал, а тоа го покажуваат и резултатите. Според најновите информации на англиските медиуми, две ѕвезди размислуваат да го напуштат клубот од Лондон поради шпанскиот стратег.

Александре Лаказет и Пјер-Емерик Обамејанг не се среќни во редовите на „топчиите“, па поради тоа сакаат спасот да си го побараат на друго место доколку Емери наскоро не добие отказ.

Арсенал не е во добра ситуација и се наоѓа во дилема, зашто ако сега го отпушти Емери ќе мора да му плати пет милиони евра отштета, додека ако Шпанецот не избори пласман во Лигата на шампиони, тие ќе може да го избркаат бесплатно.