„Тигарот“ Фалкао ќе се врати во Атлетико Мадрид!

Колумбиската ѕвезда Радамел Фалкао, фудбалерот на француски Монако ќе биде засилувањето на Атлетико Мадрид летово, како замена за Ентоан Гризман кој најави заминување од „Ванда Метрополитано“ летово.

Фалкао е поранешен фудбалер на Атлетко Мадрид, па сега планира да се врати во својот бивш клуб, иако за него интерес има и од Валенсија. Пред шест години Фалкао си замина од Атлетико, но немаше забележителни настапи во премиерлигашките гиганти Челси и Манчестер јунајтед. Во Атлетико, Колумбиецот даде 70 гола на 91 меч, а беше предводни во првиот трофеј во Лига Европа во 2011, а со мадридските црвено-бели го освои и шпанскиот куп, но и Суперкупот.

Беше фудбалер на Порто, од каде дојде во Мадрид (72 гола на 87 меча), а потоа за 60 милиони евра замина во Монако и по една сезона се испроба, но неуспешно во Премиерлигата, по што се врати во малото кнежевство.

Фалкао сезонава имаше лоши настапи и едвај со Монако се спасија од испаѓање, па на една година пред крајот на договорот, посака да си замине,