„Судиите се мафија“

Италијанската фудбалска легенда, Фабио Капело излезе со шокантен напад врз судиите велејќи дека тие се мафија, тој направи и споредба меѓу случајот „Негреира“ и скандалот „Калчополи“.

Поранешниот селектор на Англија и Русија и тренер на Милан, Реал, Рома, Јувентус... во разговор со „Марка“ отворено кажа што мисли за судиите.

„Судиите се мафија“, шокантно изјави Фабио Капело.

 „Тие не сакаат поранешни фудбалери да бидат инволвирани во ВАР, а токму тие најдобро знаат што се случува на теренот. Судиите многу пати носат погрешни одлуки само поради тоа што никогаш не играле фудбал“.

„Фудбалер ќе биде допрен во лицето и веднаш ќе се фрли на тревата, а судијата нормално ќе досуди прекршок. Но зошто да свирнете? Ако јас сум висок 1,90 метри, а противникот е 1,75 метри, мојата рака е на висина на неговото лице. Па зошто свирите фаул? Ваквите ситуации ме излудуваат“.

Тој потоа направи споредба помеѓу „случајот Негреира“ и скандалот „Калчополи“.

„Јувентус не исплаќаше милионски суми, но и покрај тоа беше испратен во Серија Б. Во Шпанија ништо не се случува, во Италија веднаш беше преземена акција“.