Скандал во Франција: ПСЖ обвинет за - расизам!

„Фудбал Ликс“ денеска открива неверојатни информации за актуелниот француски шампион ПСЖ, кој дискриминирал млади фудбалери во 2013. година.

Француските медиуми пишуваат дека Јан Џибохо е еден од најталентираните француски млади фудбалери, но според „Медиапарт“ неговото име секогаш ќе биде поврзувано со скандал.

„На свои 13 години и покрај неговиот талент, ПСЖ не испратил понуда за него бидејќи бил црнец. И тоа е единствената причина“, пишува „Медиапарт“.

По долга истрага во клубот откриле дека има лица кои кои сакале да го затајат овој случај, па клубот во 2018. година продолжил да бара фудбалери слични на него за да не биде откриена дискриминацијата.

Искусниот скаут Серж Фурние го оценил со „2+“ во неговиот извештај за настапите на младиот и талентиран фудбалер.

„Оцената 2+ е најдобрата која некој може да ја добие. Вие ставате 1 за тип на фудбалер како Килијан Мбапе. Ако ме прашате мене, јас никогаш немав дадено таква оцена“, кажал Фурние.

Фурние го предложил Џибохо повторно две години подоцна, откако фудбалерот потпишал за Рен.

Што е уште пострашно, оваа стратегија за ангажирање фудбалери на основ на нивната боја на кожа траела дури три години.