Сити владее во Манчестер: Јунајтед не му направи услуга на Ливерпул (ВИДЕО)

Манчстер сити изби на првата позиција на табелата во Премиерлигата, откако славеше со 2-0 на гостувањето кај градскиот ривал Манчестер јунајтед во рамки на заостанатиот натпревар од 31.коло. 

„Граѓаните“ уште еднаш покажаа дека се поквалитетниот тим во Манчестер и заслужено славеа на „Олд Трафорд“. Бернардо Силва го отвори резултатот во 54-тата минута, а потоа точка на натпреварот стави Лирој Сане во 66-тата минута за конечни 0-2. 

Манчестер сити сега на првото место има 89 бодови, еден повеќе од најголемиот ривал Ливерпул. Манчестер јунајтед останува на шестото место со 64 бодови. 

На вториот вечерашен натпревар Вулфс го совлада Арсенал со 3-1. Победникот беше решен уште по првото полувреме кога домашниот тим поведе со 3-0 благодарение на головите на Рубен Невеш, Мет Доерти и Диого Жота. Во вториот дел, Сократис Папастодополус успеа само да го ублажи поразот на „топчиите“.