
Шпанците удрија по Модриќ: Реал Мадрид е во криза зашто нема вистински лидер!
„Кралевите“ во Купот на кралот на домашен терен ремизираа против Реал Сосиедад (4-4) и со мака изборија пласман во финалето по продолженија. Следеше пораз на „Сантијаго Бернабеу“ од Валенсија (1-2) – тим кој се бори за опстанок – што ѝ овозможи на Барселона да се одвои на првото место со четири бода предност. Најтежок удар „кралскиот клуб“ претрпе во Лигата на шампионите, каде убедливо загуби на гостувањето кај Арсенал (0-3) во првиот четвртфинален натпревар.
Според шпанските медиуми, причината за падот на формата на Реал е недостигот на лидерство во тимот. Порталот „Релево“ пренесува дека атмосферата во соблекувалната е рамнодушна уште од почетокот на сезоната и дека фудбалерите не покажуваат емоции ниту по големи порази, ниту по победи. Како клучни загуби во тимот се посочуваат заминувањата или повредите на Тони Крос, Начо и Дани Карвахал, како и влијанието на отсутниот Жозелу. Нивното лидерство, според изворите од клубот, било клучно за минатогодишните успеси. Сега, без изразен водач, тимот страда.
Иако не е директно споменат, критиките индиректно се однесуваат на Лука Модриќ – капитен на тимот, најискусен и најтрофеен фудбалер (39 години). Медиумите забележуваат дека токму тоа што му недостига на Реал е силен лидер во вакви клучни моменти од сезоната.
ФОТО: EPA PHOTO