Се намалува бројот на кандидати - Барса се откажа од четири опции за наследник на Чави

Од големиот број имиња како можни наследници на Чави Ернандез, отпаднаа четворица тренери од кои Барселона дефинитивно се откажа.

Станува збор за Роберто де Ѕерби, Микел Артета, Томас Тухел и Јулијан Нагелсман. Де Ѕерби никогаш досега не водел голема екипа и прашање е како би се снашол во соблекувалната иако тоа, на пример, не беше проблем за Гвардиола пред 16 години. Артета има договор со Арсенал, Тухел е со незгоден и непредвидлив карактер, а Нагелсман се уште е недокажан на големата сцена и покрај тоа што го водеше Баерн.

Останува во игра поранешниот германски селектор Ханси Флик, како и Рафа Маркез кој е тренер на вториот тим и ги има симпатиите на управата на клубот.