Се лажете ако мислевте дека никој не смее да крене рака на Роналдо! (ВИДЕО)

Роналдо, полека, се симнува од топ-листите на популарноста во соблекувалната на Реал Мадрид, а доказ дека не е недопирлив е малата „интеракција“ меѓу него и Касемиро, на последниот тренинг на Реал.

Не се случило ништо што би го нарушило пријателството меѓу двајцата фудбалери, меѓутоа потегот на Касемиро говори дека никој не му се плаши на Роналдо да го турне, да крене рака и да се однесува како што би се однесувал кон секој друг играч.

Неодамна имаше информација и за „искри“ меѓу Роналдо и Серхио Рамос и сето тоа како засилувач на неговото потенцијално заминување од Реал.