Санкционирани судиите кои го оштетија Ливерпул (ВИДЕО)

Судиската организација на Премиерлигата реши заедно со раководството на лигата да ги санкционираат судиите кои вчера го оштетија Ливерпул во дуелот против Тотнем (1-2).

По катастрофалната комуникација меѓу судиите на теренот и ВАР-собата, на Ливерпул му беше поништен чист гол, а засега последиците од целата ситуација ги почувствуваа Дерен Ингланд и Ден Кук.

Тие требаше да помагаат и на дуелите меѓу Нотингем Форест и Брентфорд, односно Фулам и Челси, но тоа нема да се случи, а засега не е познато дали ќе бидат изречени дополнителни санкции за нив.