Роналдо славеше како Дибала, сега Дибала слави како Роналдо (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо и Пауло Дибала очигледно се големи другари, бидејќи еден на друг си ги имитираат прославите на головите. 

Минатото коло кога Роналдо погоди против Сасуоло прослави со популарната „маска“ во стилот на Дибала. Денеска Аргентинецот по водечкиот гол против Фрозиноне, прослави како Португалецот и плус со својата „маска“.