Отказот што го доби Чави ги спаси Левандовски и Роке

По безмалку три сезони на клупата, Чави вечерва ќе се прости од Барселона за што ќе жалат речиси сите навивачи на клубот, но не и сите фудбалери.

Пред се, тоа се однесува на напаѓачите Роберт Левандовски и Витор Роке кои го спасија својот статус во Барса. Шпански медиуми денеска објавија дека Чави планирал да се ослободи од Левандовски во летниот преоден рок со цел да донесе нови засилувања. Полјакот немаше намера да си оди, а од доаѓањето на Ханси Флик може само да профитира имајќи предвид дека двајцата одлично соработуваа во Баерн, ја освоија титулата во Лигата на шампионите, а Лева беше најдобар стрелец во Европа.

Витор Роке беше во немилост на Чави кој во него не виде потенцијал каков што беше најавуван пред трансферот и младиот Бразилец постојано беше закован на клупата. Планирано беше тој да оди на позајмица идната сезона, но Флик можеби ќе има други идеи со него и ќе ја добие посакуваната минутажа.