Вучиќ се сврте против Пикси: Оставете ги празните приказни, многу пари вложивме во фудбалот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ застана на страната на народот кој е против селекторот на фудбалската репрезентација Драган Стојковиќ Пикси.

Речиси во сите анкети во српските медиуми, граѓаните бараат оставка од селекторот, а ни Вучиќ не го штедеше легендарниот фудбалер кој не се прослави на големите натпреварувања.

„Се е ова спорт, но ние многу пари вложивме и народот во Србија заслужува подобри резултати. Јас сум согласен дека ова е дебакл. Не е проблем да загубите од лошата Англија или Германија, проблем е кога ќе загубите од Словенија, која е многу послаба од Србија. Оставете ги празните приказни на селекторот, граѓаните на Србија заслужија подобар резултат“, рече Вучиќ.

Ваквата промена на ставот на српскиот претседател е големо изненадување бидејќи медиумите кај нашиот северен сосед тврдат дека тој е најзаслужен што Пикси доби нов договор и тоа непосредно пред почетокот на Европското првенство. Според него, Стојковиќ има годишна плата од 1,5 милион евра, а клаузулата за предвремен раскин изнесува милион евра. Ова е петто големо натпреварување по ред на кое Србија не успева да ја помине групната фаза. Последен пат тоа ѝ успеа веќе далечната 2000 година, но и тогаш не се прослави бидејќи во осминафиналето загуби од Холандија со 1-6.