Промена на планот: Ѓоковиќ, сепак, со нов тренер на „Ролан Гарос“

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го смени планот и, сепак, со нов тренер ќе ја брани титулата на вториот Гренд слем во сезоната.

Денеска тој објави дека ја завршува краткорочната соработка со Ненад Зимоњиќ и беше најавено дека нема да има тренер на „Ролан Гарос“, но само неколку часа подоцна беше објавена нова информација. Во француската престолнина тој ќе биде предводен од Борис Бошњаковиќ, стручњак кој беше еден од главните во академијата на Ѓоковиќ за работо со најталентираните играчи.

Бошњаковиќ е веќе во Париз со Ѓоковиќ и ќе се обиде да му помогне да освои уште еден Гренд слем трофеј.