ФК Гостивар се пожали: Општината не ни го дава стадионот и го кочи нашиот развој

Фудбалскиот клуб Гостивар не го доби на стопанисување стадионот во овој град поради што јавно се пожали од градоначалникот Арбен Таравари.

Во соопштението, гостиварци информираат дека последните три години инвестирале стотици илјади евра и дека од Таравари добиле уверување дека стадионот ќе биде нивен, но досега тоа не се случило.

Дури и последната средба со градоначалникот не вродила со плод поради што, како што велат од клубот, е спречен развојот на ФК Гостивар.