Нови снимки од хаосот во Берлин - маскирани хулигани се бркаат низ улиците (ВИДЕО)

Минатата ноќ се случи хаос во Берлин кога две навивачки групи, на Панатинаикос и Олимпијакос, се степаа во германскиот град.

Во близина на метро-станица се случил сериозен инцидент во кој учествувале голем број хулигани, а според најновите информации 12 лица се повредени, додека две се во критична состојба.

На социјалните мрежи беа објавени и нови снимки од хаосот, на кои може да се забележи како маскирани хулигани се бркаат низ улиците.