Вардар се надева на опстанок, а Детонит се бори за историја!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска од 17 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе се соочи против Детонит Плачковица во баражот за место во Првата лига.

Вардарци имаа турбулентна сезона во која обезбедија бараж, а сега ги чека пресметка против познатиот ривал Детонит со кого се соочија во сезоната 2022/23. Скопскиот тим тогаш оствари триумф (2-0) и реми (1-1) против второлигашот.

Детонит се надева на историски пласман во Првата лига, додека Вардар ќе даде сè од себе за да остане во Првата лига, а воедно ќе има голема поддршка од трибините бидејќи навивачите најавија присуство на стадионот во Струмица.

Дуелот меѓу Вардар и Детонит за последното место во Првата лига се игра денеска од 17 часот.