Енрике најави шест засилувања: ПСЖ веќе договори нов голман од Русија

Францускиот шампион ПСЖ се раздели со напаѓачот Килијан Мбапе, по што тренерот Луис Енрике најави нови засилувања за гигантот.

Енрике кажа дека нема соодветна замена за Мбапе, но ќе ангажираат шест нови засилувања со цел да остварат подобри резултати следната сезона.

„Нема сличен играч на Мбапе, па поради тоа ќе купиме друг. Ќе ангажираме четири, пет или шест засилувања“, кажа Енрике.

ПСЖ веќе почнал преговори со рускиот голман Матвеј Сафонов од Краснодар и ќе треба да плати 20 милиони евра плус бонуси за неговите услуги.