Хаос на стартот од трката во Монте Карло - настрада болидот на Перез (ВИДЕО)

Хаотична ситуација се случи на стартот од трката за Големата награда на Монако што денеска се вози во Монте Карло.

По само неколку завои, Карлос Саинс направи грешка, а целосно е здробен болидот на Серхио Перез од Ред Бул. Тој беше закачен од Кевин Магнусен по што Перез заврши во ѕидот, а од трката е исфрлен и вториот возач на Хас, Нико Хулкенберг.

Трката беше прекината повеќе од половина час, поголемиот дел од возачите ги смени гумите, по што продолжија да се натпреваруваат.