
Димитријевиќ одличен, ама ЦСКА со брејк го почна финалето
Московскиот тим поведе со 1-0 во финалето од ВТБ лигата откако го победи Уникс како гостин со 96-95 во исклучително драматичниот финиш. Одлучија неколку тешки судиски одлуки во финишот, пред се неспортскиот прекршок кој арбитрите му го досудија на Димитријевиќ на девет секунди пред крајот, при резултат 95-92 со што ЦСКА доби слободни фрлања и напад и тоа максимално го искористи за да дојде до победата.
Ако не беше тоа, Димитријевиќ секако ќе беше прв играч на натпреварот бидејќи за 30 минути во игра постигна 22 поена, 6 асистенции, 3 украдени топки и 3 скока за индекс 31, највисок на мечот. Уникс ќе биде домаќин и на вториот дуел од финалето и тогаш нема да има право на кикс бидејќи со евентуален пораз ќе ѝ овозможи на ЦСКА да го решава прашањето околу новиот шампион на домашен терен.