„Реприза“ во Париз, ПСЖ му одржа лекција на Марсеј! (ВИДЕО)

Откако ПСЖ го порази Олимпик Марсеј во француската Лига 1 со 3-0, сега истото го направи и во четврт-финале на Купот на Франција.

До првиот гол се чекаше дури до првата минута од судиското продолжение во првото полувреме, а прецизен беше Ди Марија. По само три минути во вториот дел, Ди Марија повторно погоди за водство од 2-0, а конечниот резултат (3-0) го постави Кавани во 81. минута.