Медведев се скара со судијата: Кој одлучува тука, Илуминатите? (ВИДЕО)

Данил Медведев обезбеди осминафинале на мастерсот во Мадрид, откако го совлада Себастијан Корда со 2-1 во сетови, но повторно се скара со главниот судија.

Русинот побара да биде затворен кровот над теренот, но доби негативен одговор од судијата кој се обиде да му објасни дека тоа не зависи од него.

„Кој одлучува тука, Илуминатите?“, праша Русинот.