Реал во проблеми: Бензема добил понуда од 200 милиони евра!?

Францускиот напаѓач Карим Бензема сè уште не потпиша нов договор со Реал Мадрид и тоа значи дека за еден месец ќе стане слободен фудбалер, а тоа сака да го искористи клуб од Саудиска Арабија.

Шпанските медиуми пишуваат дека Бензема добил понуда од 200 милиони евра за две сезони од саудиски клуб чие име засега не се открива во јавност.

Бензема требаше да потпише договор со „кралевите“ до 2024 година, но тоа сè уште не се случи и во Мадрид владее страв меѓу навивачите дека гигантот би можел да остане без одличниот напаѓач.

Французинот го носи дресот на поранешниот шпански и европски првак од 2009 година, а претходно играше за Лион.