Реал може да даде пет гола и без Мбапе, тука е - Гонзало Гарсија! (ВИДЕО)

Реал Мадрид не дозволи изненадување и со победа над Бетис од 5-1 се врати на четири бода заостанување зад најголемиот ривал Барселона.

Избраниците на Чаби Алонсо денеска немаа многу проблеми, иако Бетис на моменти покажа дека може да се надигрува и создаде свои прилики, меѓутоа на гостите им недостасуваше реализација за да можат да се надеваат на некакво изненадување.

Резултатот го отвори Гарсија по 20 минути игра и тој гол беше единствен во првиот дел.

Во второто Гарсија и вторпат се запиша во листата на стрелци во 50. минута, додека само шест минути подоцна Асенсио се погрижи за 3-0.

Успеа Бетис во 66. минута преку Кучо Хернандез да намали на 3-1, но во продолжение повторно на сцена стапи Гарсија кој комплетираше хет-трик, додека во финишот Фран Гарсија ги постави конечните 5-1.