Реал Мадрид поради Куртоа ќе прекрши правило кое не сакаше да го „скрши“ за Модриќ!

Реал Мадрид е подготвен да му понуди нов четиригодишен договор на белгискиот голман Тибо Куртоа, со што тој би останал дел од клубот до 2028 година, објави шпанскиот медиум „Релево“.

Иако има 32 години, клубот е решен да направи исклучок од своето непишано правило што дозволува продолжување на договор само за една сезона на фудбалери постари од 30 години. Од клубот сметаат дека Куртоа е клучен играч на голманската позиција и вреден за долгорочна соработка. „Кралевите“ претходно ваквото правило не сакаа да го прекршат за Лука Модриќ, кој поради тоа потпишуваше само по едногодишни договори.

Иако договорот сè уште не е официјално потпишан, преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза. Белгиецот е дел од Реал Мадрид од 2018 година, а во 2021 година потпиша договор до 2026. За време на неговиот престој во клубот, има забележано 308 настапи во Ла Лига и 60 во Лигата на шампионите.

ФОТО: X / @realmadriden