Без него Интер не постигна гол: Инзаги доби одлична вест пред полуфиналето

Напаѓачот на Интер, Маркус Турам се опорави од повредата и ќе биде подготвен за утрешниот натпревар против Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Французинот поради поведа паузираше во изминатите три недели и во тој период Интер запиша три порази и тоа без постигнат гол против Болоња, Милан и Рома.

Турам е еден од најважните фудбалери во системот на Симоне Инзаги и тоа го потврдуваат бројките зад неговото име. На 44 натпревари Турам постигна 17 голови и подели девет асистенции.

Сепак, не е познато дали Инзаги ќе ризикува со него од првата минута или ќе му даде шанса во второто полувреме.

Ќе потсетиме, Интер во Барселона ќе биде сигурно без Павар кој се повреди во поразот од Рома изминатиот викенд во Серија А.

Натпреварот помеѓу Барселона и Интер се игра утре во терминот од 21:00 часот.

Фото: Inter F.C/X