Реал Мадрид оваа недела ќе промовира дури - четири засилувања!

Според шпанските медиуми, до крајот на оваа недела Реал Мадрид ќе промовира дури четири нови фудбалери.

Откако го објави доаѓањето на Чаби Алонсо, Реал Мадрид сега почнува да ги финишира трансферите на фудбалерите.

Дури четворица ќе бидат објавени наскоро. Тоа е Нико Паз кој се враќа во Реал Мадрид. По одличните партии за Комо, кралскиот клуб одлучи да ја активира клаузулата и да го откупи.

Ќе биде објавен Трент Александер-Арнолд кој доаѓа како слободен од Ливерпул.

Ќе бидат потврдени и Алваро Карерас од Бенфика и Дин Хујсен од Борнмут.