
„Преговараме со Роналдо, го сакаат 30 клубови“
Португалецот и самиот придонесе да биде една од главните теми со неговата објава по крајот на сезоната.
„Ова поглавје е завршено. Приказната? Сè уште се пишува. Благодарен сум за се”, напиша Роналдо на социјалните мрежи.
Сепак според зборовите на Јеро, Ал Наср и понатаму може да го задржи Роналдо и се водат преговори.
„Во контакт сме за продолжување на договорот на Кристијано и навистина се надеваме дека ќе продолжи со нас тука, во Ал Наср“, потенцираше еро.
Тој потсети дека ангажманот на Роналдо уште од самиот почеток бил дел од поголем национален проект и имал огромно влијание врз развојот на саудискиот фудбал.
„Присуството на Роналдо од самиот старт беше дел од национална стратегија. Тој е вистински феномен во историјата на фудбалот, а неговото доаѓање помогна лигата да порасне и на квалитет и на популарност“, додаде Јеро.
Директорот на Ал Наср истакна дека интересот за португалскиот ас бил огромен.
„Секој ден во медиумите се појавува нов клуб, има најмалку 30 заинтересирани екипи за Роналдо, но ние искрено се надеваме дека ќе остане со нас“, заврши спортскиот директор.
Кристијано Роналдо се приклучи на Ал Наср во јануари 2023 година и од тогаш е едно од најголемите имиња во саудискиот шампионат, со огромно влијание врз популарноста на лигата.