Разликата е очигледна: Што направи Роналдо, а што Меси на првиот меч по „Златна топка“? (ФОТО+ВИДЕО)

Кристијано Роналдо беше крунисан за најдобар фудбалер во 2017 година и од ФИФА и од „Франс фудбол“ со традиционалната „Златна топка“.

Португалецот со голема помпа ја прими наградата и се самопрогласи за најдобар во историјата. За тоа се зборуваше многу, но сега излезе фото-споредба меѓу тоа што направи Роналдо, а што Меси, на својот прв натпревар по добивањето на „Златната топка“.

Реал Мадрид вчера играше против Севилја, а натпреварот почна со шоу посветено на Роналдо. Тој излезе со „Златната топка“ в рака, а на теренот веќе стоеше пулт со останатите четири од неговата кариера (2008, 2013, 2014 и 2016).

Тој излезе сам и ја остави петтата „топка“ кај останатите четири трофеи и сам отпоздравуваше на публиката додека таа го пееше неговото име.

Ако се вратиме назад во 2015 година, кога Меси ја доби својата петта „Златна топка“, од прва ќе падне во очи како тоа сето беше многу потивко и поскромно. Аргентинецот ја намести златната топка, пред еден банер со неговото име и насликани пет „Златни топки“, а потоа го собра сиот тим и прегрнати заедно позираа.