Уникаха го крена пехарот во ЛШ, а бивш кошаркар на Карпош Соколи е МВП!

Кошаркарите на Уникаха Малага се закитија со пехарот во Лигата на шампиони (ЛШ), откако во финалето беа подобри од Тенерифе со 80-75, додека МВП-наградата му припадна на поранешниот кошаркар на Карпош Соколи, Кендрик Пери.

Уникаха играше одлично од самиот почеток на финалето, а на полувремето замина со предност од 38-27, меѓутоа Тенерифе почна да се буди во второто полувреме и пред крајот на третата четвртина намали на 56-59.

Тенерифе се трудеше во последниот период да го надигра ривалот, но кошаркарите на Уникаха не дозволија изненадување и го кренаа пехарот.

Американскиот кошаркар Пери, кој беше избран за МВП, во финалето постигна 17 поени за Уникаха.