
Ракитиќ со песна го навреди Јувентус, па му се извинуваше
Притоа, Ракитиќ во позадина постави музика од навивачка песна на Милан, не знаејќи дека текстот од истата е навредувачка за торинскиот клуб. „Кој не скока, тој е јувентусово ѓубре“, се вели, меѓу другото, во песната.
Во коментарите му беше посочена дека станува збор за навредливи стихови, па Ракитиќ преку социјалните мрежи му се извини на торинскиот клуб.
„Сакам најискрено да им се извини на Јувентус и неговите навивачи. Намерата ми беше единствено да ја искористам песната поврзана со Милан за да го поздравам мојот пријател Лука Модриќ, без да го знам историскиот контекст или текстот. Немав апсолутно никаква намера да навредам кого било, најмалку Јувентус кон кого имам огромен респект“, напиша Ракитиќ.
Се разбира, сторито беше веднаш беше избришано, а остана само фотографијата со која на Модриќ му порача дека во Милан не знаат колкава среќа имаат што е нивен нов играч.