ПСЖ прописно го истрола Марсеј: Дојдете во престолнината кога сакате!

Францускиот гигант Пари Сен Жермен и вторпат за само три дена го победи својот најлут ривал Олимпик Марсеј со 3-0. Прво во Лига 1, кога го загуби најскапиот светски фудбалер Нејмар поради скршеница на коска во стапалото, а сега и без Бразилецот во Купот на Франција.

После двата триумфи на убедлив начин, ПСЖ се реши да се мајтапи со својот лут ривал, па на мајтап им порача на гостите од југот и аѕурниот брег кога сакаат да ја посетат престолнината на Франција.

„Ви благодариме што го посетувате главниот град. Може да се вратите кога и ќе посакате, ќе бидете топло примени“, напиша ПСЖ на својот твитер-профил.

ПСЖ е на вистински пат да ја освои шампионската титула, а во игра е и за двата трофеи во Купот.